Во Северна Македонија, POWER UP ќе спроведе пилот шема во Скопје.
Скопје е еден од 6-те европски пилоти кои дејствуваат како „живи лаборатории“: секој од нив ќе имплементира нови деловни модели околу обновливите извори на енергија или услугите за енергетска ефикасност заедно со домаќинствата погодени од енергетска сиромаштија и со локалните чинители (општини, општествени организации, енергетски комунални претпријатија , граѓански задруги итн.). Вклучувањето на Скопје, главен град во земја кандидат за ЕУ, ќе осигури дека резултатите од проектот се многу релевантни за другите земји-кандидатки и потенцијално источните партнерски земји.
Проектот POWER UP е координиран од Energy Cities и е академски поддржан од Универзитетот од Манчестер (University of Manchester) и експерти од SINLOC, консултантска и инвестициона компанија. Активностите се спроведуваат преку POWER UP пилот градовите и тамошните експерти:
• Белгија: Екло и Белкискиот соработник Ecopower
• Холандија: Херлен
• Шпанија: Валенсија со Las Naves и Valencia Climate and Energy Observatory
• Северна Македонија: Скопје со АД ГЕС Скопје и Македонската платформа против сиромаштија
• Чешка Република: Рожнов под Радхостем со SEMMO
• Италија: UCSA – San Giuseppe Vesuviano, Palma Campania, San Gennaro Vesuviano, Striano
Проектот POWER UP ќе го промовира наоѓањето на локални играчи на енергетскиот пазар со социо-еколошка агенда. Зошто? Затоа што енергетските услуги може да се обезбедат на локално ниво додека се решава енергетската сиромаштија. Тие социјални претприемачи ќе ги ангажираат ранливите домаќинства да ко-дизајнираат нови деловни шеми околу производството на обновливи извори на енергија и енергетската ефикасност. Шест градови низ Европа, од Шпанија до Северна Македонија ќе развијат пилот програми.
Енергетската сиромаштија во земјите од Југоисточна Европа се појави во раните 90-ти кога енергетскиот систем претрпе голема трансформација. Таков е случајот со градот Скопје, каде што тогашните државни енергетски компании беа продадени и станаа компании кои ги продаваат своите услуги по пазарни цени, што доведе до голем пораст на цената на енергијата. Иако не постои законска дефиниција за енергетска сиромаштија во Македонија, енергетската сиромаштија се споменува во најновиот Закон за енергетика како прашање што треба да се реши. На национално ниво, владата ги субвенционира домаќинствата кои се корисници на социјална помош да си ја платат енергијата. Но, на локално ниво, сè уште не е спроведена политика за таргетирање на енергетската сиромаштија. Партнерите на POWER UP ќе дизајнираат и приспособат механизми за подобро вклучување на ранливите домаќинства.
МППС е национална граѓанска невладина организација која работи со градот Скопје. Организацијата ќе биде задолжена за сите социјални аспекти на пилот активностите POWER UP.
АД ГЕС е неодамна формирана општинска енергетска компанија, со седиште во Скопје. Првичната мисија на компанијата е дистрибуција и снабдување со топлинска енергија и природен гас за подрачјето на градот Скопје, како и за други активности во енергетскиот сектор од јавен интерес и локално значење. Неговата крајна цел е да ги интегрира енергетските системи, да врши енергетски активности и да дизајнира енергетски политики во градското подрачје за задоволување на енергетските потреби, да ги намали трошоците за енергија, да ја ублажи енергетската сиромаштија, да обезбеди придобивки за потрошувачите и да добие заштита на животната средина и намалување на загадувањето на воздухот.